Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три награди за Женскиот младински хор при МКЦ на натпревар во Романија

0
By Нова ТВ on September 11, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар под диригентската палка на Сашо Татарчевски освои три награди на 5. Меѓународен хорски натпревар „Ливиу Борлан“ кој од 3 до 6 септември се одржа во Баиа Маре, Романија.

Во конкуренција на хорови од повеќе европски држави, женскиот младински хор при МКЦ освои златна диплома од стручното жири, како и две специјални награди од фондацијата „Stephen’s tower“ и од романските мас-медиуми.

Хорот изведе дела од романскиот композитор Ливиу Борлан, Џовани Анимуча, Рамиро Реал, како и дело од македонскиот композитор Тодор Скаловски.

– Оваа меѓународна активност која беше поддржана во Годишната програма на Министерството за култура претставува огромен успех во меѓународната афирмација на македонската хорска уметност, особено ако се земе во предвид дека Женскиот младински хор при МКЦ е еден од ансамблите со најдолга традиција во Република Македонија. Овој женски хорски состав во својата четиридецениска историја освоил бројни награди на фестивалите ширум светот, меѓу кои се и златните медали на натпреварите во Чешка и Хрватска, како и високите признанија во Полска, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Со поддршка од Министерството и Град Скопје, утре и задутре Мандолинскиот оркестар при МКЦ, под диригенство на Ванчо Јовчев, ќе учествува на Меѓународниот фестивал за хорови и оркестри „Виена мјузик фестивал” што ќе се одржува во Виена.

Инструменталистите од овој оркестар, кој е промотор на македонското музичко творештво, првиот концерт ќе го одржат во познатата готска катедрала „Вотив“ каде што, придружувани од младата виолинистка Ева Богоевска ќе настапат со композиција од Џон Вилијамс и адаптација на Борјан Цанев.

Вториот концерт, Мандолинскиот оркестар при МКЦ ќе го одржи во концертната сала „Ехрбар“ каде што повторно заедно со Ева Богоевска ќе изведат музичка програма со дела од Бах, Шуберт, Шостакович, а пред публиката ќе биде претставено и македонското творештво преку делото „Македонско Капричо“ на композиторот Драган Шуплевски. На фестивалот, кој има ревијален карактер, годинава учествуваат ансамбли и хорови од Италија, Норвешка, Финска, Полска, Чешка, САД и Словенија.

Мандолинскиот оркестар при МКЦ, кој е формиран во 1981 година, досега има настапувано на музички фестивали од ревијален карактер во Полска, Португалија, Белгија, Шкотска, Чешка, Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, Германија и Данска, достојно претставувајќи ги македонските музички и културни потенцијали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.