Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три “тројки” во Брисел бараат начин за излез од политичката криза

0
By Светлана Јовановска on March 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се пристигнати во Брисел во седиштето на Европскиот парламент (ЕП) каде што во 11.30 започна првата средба помеѓу двете партии со посредство на европските пратеници.

Опозицијата ја претставува Радмила Шеќеринска, потпретседателка на партијата заедно со Рената Десковска и Виктор Габер а од страната на ВМРО-ДПМНЕ тука се министрите за надворешни работи и здравство Никола Попоски и Никола Тодоров како и пратеникот Илија Димовски. Од европска страна на состанокот учествуваа пратениците Едвард Кукан од демохристијанската партија, Ричард Ховит од групата на социјалистите и либералот Иво Вајгл.

Состанокот не е отворен за јавноста. НОВА дознава дека во 11.30 претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретнат насамо со европските пратеници во текот на еден час а потоа на ред е СДСМ. На овие одвоени средби се очекува двете македонски партии да ги кажат своите ставови и позиции а потоа се очекува, во текот на попладнето, заедничка средба на која, се надеваат Европјаните, ќе можат да се доближат некои ставови за да може да има напредок во овој прв политички контакт, по долго време, помеѓу двете македонски партии.

Според позицијата на СДСМ, потребни се оставки во власта за да се отвори пат за решавање на кризата, додека според ВМРО-ДПМНЕ политичката борба треба да се сведе на институционално дејствување и враќање на СДСМ во Собранието.

Според европската “тројка”, двете партии треба да се фокусираат на европската иднина на земјата и препораката за преговори која не смее да се загуби и околу сето тоа да најдат заеднички терен и политичко решение. Ваквото решение потоа треба да обезбеди простор за независно делување на правдата и решавање на сите спорни точки.

Засега ЕП нема предлог кој ќе им го даде за согласност на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. На средбата учествуваат и претставници на Европската комисија (ЕК) која ја поддржува оваа иницијатива на ЕП.

Според информациите до кои дојде НОВА, Европјаните се надеваат дека двете страни јасно и без колебање ќе ветат дека ќе сторат се овој процес да биде успешен во понатамошните преговори. Европската надеж е исто така дека на оваа прва рунда преговори ќе може да се дојде до согласност следните преговарачки средби да се одржат во Собранието во Македонија. Овој прв чекор би овозможил подоцна, најверојатно кон средината на април, да има нови состаноци на кои ќе се отвори патот за да можат европските институции да ја набљудуваат судската истрага.

За овој чекор на ЕУ и е потребна согласност пред се на владата поради тоа што можните европски правни експерти не сакаат да се задоволат само со набљудување на истрагата туку ќе бараат да го кажат и својот збор во тој правен процес. Освен тоа, Европа ќе бара и механизам преку кој ќе се набљудува напредокот на договореното на политички и на судски план.

Доколку денес преговорите бидат успешни, следните средби би се одржале во македонското Собрание. Во спротивно, Брисел повторно би бил домаќин на нов контакт и нови разговори.

Според европски извор, оваа средба е исклучително важна. ЕП и ЕК очекуваат деблокирање на дијалогот и стравуваат дека доколку тоа не се случи, состојбата во Македонија може да се влоши.

Европските олеснувачи ја имаат целосната поддршка на земјите членки на ЕУ.

Средбата ќе трае најверојатно до 18 часот денес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.