Сообраќајна незгода на три возила се случи денеска во 13:50 часот во Скопје на крстосницата на булеварот „Крсте Мисириков со булевар „Кузман Јосифовски Питу“. Причинета е материјална штета, а досега нема пријава за повредени лица, информираа за МИА од СВР Скопје.
Во сообраќајката учествувале возила Хјундаи, Фиат и Пасат, сите со скопски регистерски ознаки.
На терен е увидна екипа на СВР Скопје.
(МИА)