Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Триесет случаи на мобинг минатата година, два за сексуално вознемирување

0
By Нова ТВ on April 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Tриесет случаи на мобинг од кои 20 во приватниот и 10 во јавниот сектор регистрирал Сојузот на синдикати на Македонија минатата година. Најголем дел од пријавите се од мажи, а речиси тројно помалку од жени или изразено во бројки 19 пријави биле од мажи, а само пет од жени. Две од пријавите се за сексуално вознемирување.

Од ССМ за МИА изјавија дека најчесто се работи за психичко вознемирување кое било поврзано со навредување, заканување, застрашување, вознемирување по завршување на работното време, деградирање на работникот со злоупотреба на службените овластувања.

– Најчесто се пријавува мобинг од раководно лице, а поретко од колешка или колега на исто ниво. Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирување на работното место, но од лица кои не се членови на синдикатот. Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчесто се случува во средини кадешто работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права, велат од ССМ.

Во три случаи се подготвени тужби, а во еден е водена и судска постапка која е негативно завршена. Во дел од случаите проблемите се спогодбено надминати по пат на разговор и советување со учество и посредништво на синдикалните претставници на ССМ.

Според податоците од ССМ, во 2013 година имало осум пријави за мобинг, во 2014 година седум, во 2015 година три, а во 2016 година едно обраќање. Во 2017 и 2018 година до ССМ немало обраќања по основ на вознемирување на работното место, а во 2019 година е евинтирано едно обраќање.

Од донесувањето на Законот за мобинг, судски решени 57 предмети

Дел од пријавите за психичко вознемирување на работното место се решаваат со обраќања до лицето кое го врши мобингот, но за дел се водат и судски постапки.

Во Сојузот на синдикати на Македонија има правна служба која им помага на работниците кои ќе се обратат околу постапката за решавање на пријавениот мобинг. Оттаму истакнуваат дека нивните правни служби даваат совети и упатства, а во одредени случаи биле подготвени и обраќања до работодавачот или до лицето кое е посочено како вршител на вознемирувањето.

Од Основниот граѓански суд Скопје, во информацијата што МИА ја побара, наведуваат дека од донесувањето на Законот за мобинг до 15 април годинава примени и оформени се вкупно 77 предмети. Од нив, решени се 57 предмети, а останатите се во процедура.

– Ве известуваме дека од донесувањето и примената на Законот за мобинг до 15.04.2021 година во судот во Одделот за работни односи вкупно примени се и оформени 77 предмети. Воедно во истиот период решени се 57 предмети, а останатите се во работа, се вели во информацијата од Судот.

ССМ со предлози за измени на Законот за мобинг

Законот за мобинг беше донесен во 2013 година на иницијатива на Сојузот на синдикати на Македонија. Оваа година, како што посочуваат од ССМ, во соработка со Министерството за труд и социјална политика се организира дебата за Законот за заштита од вознемирување на работното место и проблемите во врска со неговата имплементација.

Она што Синдикатот смета дека треба да се смени во постоечкото законско решение е прецизирањето на видовите на вознемирување на работно место, регулирањето на постапката и сите прашања во врска со спречување и заштита од психичко и полово вознемирување на работно место во компаниите да се уреди со колективен договор.

Синдикатот предлага и секое негативно однесување кое претставува повреда на достоинството, угледот и честа, да се третира како психичко вознемирување, односно да се изостави условот на повеќекратно повторување и континуирано и систематски вршење на вознемирувањето.

– Последиците од психичкото вознемирување честопати се премногу сериозни за животот и здравјето на лицата врз кои тоа вознемирување е извршено и само еднаш, посочуваат од ССМ.

Предлагаат и работодавачот до кого е поднесено барањето за заштита од вознемирување на работно место пред отпочнување на постапката за заштита, задолжително да го извести синдикатот во кој работникот членува.

– Ова се првични забелешки на ССМ. По доставување на драфт верзијата на измените и дополнувањата на Законот, ќе доставиме конкретни забелешки, мислења и предлози, велат од ССМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.