Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Триесетти протестен „Марш за ангелите“ во Скопје – барања за одговорност и правда

0
By Zoran Ivanov on November 15, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се има одговорност, да се дознае кој можел да спречи, а не го направил тоа, кои институции задоцниле со реакција, да преземат мерки и да се направи се ваква трагедија никогаш повеќе и никому да не му се случи, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 30. „Марш за ангелите“, кој овојпат се одржа во Скопје.

Маршот почна на пладне на плоштадот „Македонија“, од каде што продолжи кон Собранието, а потоа учесниците се упатија  пред Основниот кривичен суд Скопје.

Пред македонското Собрание се обрати Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од ДНК.

-Не бараме сожалување и сочувство, бараме правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која ние ја преживеавме, рече таа.

Никој, истакна Ѓорѓиеска, не е заштитен кога институциите не ја вршат својата работа. Затоа, како што рече, ова не е политички повик, туку повик од срце за правда за вистина и за човечност.

Почитувани пратеници бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежна собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи загубата не е бројка, туку живот. Во овој случај нарушени се права на живот и безбедност на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана по живот.

Бараме да се утврди зошто интитуциите задоцнија. Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да носи болка која е последица на ваков пропуст  негрижа или недејствување. Бараме да се утврди вистината каде се случиле пропустите, кој не реагирал, кои интитуции задоцнија. Која ја имал должноста да спречи, а не спречил, истакна таа.

Според родителите и роднините на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани истражувањето што се водело останало нецелосно со отворени прашања без одговор и недоразјаснети околности.

Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена. Анкетната комисија треба да обезбеди фактите да излезат на виделина, проверка на постапување на сите институции од локално до централно ниво. Да се утврди евентуална политичка или службена одговорност да се подготват мерки кои ќе спречат и гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе, никому нема да му се случи, рече сопругата на Андреј.

Организаторите на маршот порачуваат дека се свесни оти патот до правда ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но, нагласуваат, ако се пронајде заедничката точка на сплотување и сите застанат еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот.

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември.

Судот најави дека ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Надлежните упатија апел до медиумите и јавноста за достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во постапката.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.