НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трифонов не доби поддршка од коалициските парнери во врска со ветото за С. Македонија

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трите партии – партнери на Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов во бугарската владејачка коалиција – Промената продолжува (ПП), Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Демократска Бугарија (ДБ) се оградија од неговиот став во кој стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната.

Како што јави БГНЕС, координаторот на пратеничката група на Промената продолжува (ПП) во бугарското Собрание, Андреј Ѓуров истакна дека Бугарија има јасен став и стратегија за односите со земјава.

– Имаме стратегија како да ги водиме разговорите – да ги водиме многу поинтензивно, на пошироко ниво, а не само во насока на историското минато. Целта е тоа да помогне да ги приближиме нашите позиции во согласност со Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година. Ова е ставот на коалицијата и на ПП, изјави Ѓуров за Нова ТВ.

Според него, работите што ги споменува Трифонов не треба да се поврзуваат една со друга.

– Тоа не функционира на меѓународно ниво – да се поврзува една одлука со друга, додаде Ѓуров.

Копретседателот на Демократска Бугарија, Атанас Атанасов, изјави дека лично не гледа ништо лошо во ставот на Трифонов, но оцени дека нештата „не треба да се поставуваат на таков начин“, бидејќи укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД нема никаква врска со приемот на земјава во ЕУ.

– Членството на Северна Македонија во ЕУ е важно прашање за Бугарија. Мораме сериозно да го сфатиме ова прашање и да ги заштитиме нашите национални интереси. Да ги спроведеме договорите, рече Атанасов, додавајќи дека Демократска Бугарија не го поддржува предлогот на Трифонов.

Потпретседателот на бугарското Собрание на Бугарија и поранешен бугарски министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, кој е член на БСП, исто така се огради од изјавата на Трифонов, посочувајќи дека во коалицискиот договор меѓу четирите партии е изнесен јасен став за европската перспектива на Северна Македонија.

– Владиниот коалициски договор меѓу ПП, БСП, ИТН и ДБ има јасен став за европската перспектива на Република Северна Македонија. Оваа тема останува еден од најголемите предизвици за Бугарија и за Владата во сферата на надворешната и европската политика. Одржувањето широк политички договор и соработка меѓу институциите е клучно за успешна одбрана на бугарскиот интерес, оцени Вигенин.

Според него, одржувањето на Консултативниот совет за национална безбедност во врска со темата за Република Северна Македонија, што бугарскиот претседател Румен Радев уште минатиот месец го најави за првата половина на јануари, претставува „добра можност за да се добијат нови информации и за споделување на политички ставови за следните чекори“.

– Секој збор е важен, затоа се надевам дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум, за да не се создаде лажна претстава за „пукнатини“ во бугарската позиција или меѓу коалициските партнери, напиша Вигенин на Фејсбук.

Ваквите реакции на Трифонов уследија по неговата објава на Фејсбук во која наведе дека ако „Американците толку многу сакаат Северна Македонија да е во Европската Унија, тогаш на граѓаните на Бугарија да не им требаат визи за да одат во Америка, како на граѓаните на повеќето земји од Европската Унија“.

– Бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. По чекање и чекање и ние треба да бидеме Европејци. Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за Америка и за членките на Шенген зоната, наведе Трифонов.

По реакциите во бугарската јавност на ваквиот став, Трифонов во нова објава на Фејсбук упати „дообјаснување“ кон земјава и кон партнерите на Бугарија во НАТО и ЕУ.

– Кон Република Северна Македонија: Вие задолжително треба да ги исполнувате сите точки од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што го потпишавте со Бугарија, вклучително и се што е поврзано со историјата на Бугарија. Според него граѓаните на Северна Македонија „треба да си ги признаат историските бугарски корени“.

– Кон нашите партнери од НАТО и ЕУ: Штом толку инсистирате ние да ја поддржиме Северна Македонија за преговори за членство во ЕУ, постапете партнерски кон нас, штом сакате ние да сме ви партнери – без визи за САД и веднаш во Шенген. Мислам дека сега моето мислење како граѓанин на Бугарија е повеќе од јасно, наведе Трифонов во новата објавата на Фејсбук.

Како што јави Дојче веле, меѓународниот секретар на ИТН, Димитар Гардев, на прашање дали ваквата позиција е официјален став на партијата, изјави дека за партискиот став по ова прашање ќе се разговара денеска.

Бугарија има таков народ Трифонов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.