Тринаесет израелски војници биле убиени во изминатите 24 часа во појасот Газа каде што израелската армија води офанзива. Со тоа бројот на жртвите во армијата изнесува 18 војници.
“Од синоќа 13 војници на бригадата Голани без убиени во борбите против терористите на Хамас”, напиша војската на својот Твитер. Билансот го потврди и портпарол на армијата за агенциите.
Армијата објави смрт на 5 војници од четвртокот и почетокот на копнената офанзива. Идентификацијата на војниците денес беше во тек.