Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“.
Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати.
– Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили, посебно во градот Буча, во близина на Киев, истакна Хитфелд.
Претходно, генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила.
ЕУ и нејзините сојузници претходно соопштија дека кривично гонат 200 руски дипломати во врска со убиствата во Буча, пренесува Гардијан. Изданието забележува дека откако Москва ја нападна Украина, над 325 руски дипломати и персонал од амбасадата се протерани од земјите-домаќини.