НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тројца добиле затворски казни од шест месеци до една и пол година за прекршување на ковид изолацијата

0
By НОВА ТВ Balaban on May 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на 2021 година во Основниот кривичен суд Скопје, по поднесени обвинителни акти или предлози за кршење на мерката изолација се примени 569 предмети за 939 лица, а од нив се решени 391 предмет за 649 лица. Од нив  како правосилни, до овој момент, се заведени 206 предмети за 284 лица.

Мерките против ширење на ковид-19 се укинати, освен задолжително носење маски во јавни и приватни здравствени установи, во домови за стари лица и во детски градинки, но и натаму може да заглавите и во затвор доколку ја прекршите мерката изолација додека сте заразени со вирусот.

Оваа казна во минатата година ги снајде тројца граѓани кои треба да одлежат затворски казни од шест месеци до една и пол година, бидејќи додека биле заразени со ковид-19 ја прекршиле мерката изолација. Наместо да седат дома, изолацијата прво беше 20, па 15, а сега е седум дена, полицијата ги затекнуваше граѓаните инфицирани со вирусот како ја прекршуваат оваа мерка на улица, во продавница, а некои беа затекнати и во угостителски објекти. Многу од граѓаните ја прекршуваа задолжителната изолација и тоа не само напуштајќи го домот, туку ја напуштија и државата. На прашањето како е можно некој заразен со ковид-19 да ја напушти државата и покрај решение за изолација, оправдувањето беше дека на граничните премини не ги добивале извештаите од ДСЗИ за тоа кому му е определена оваа мерка.

– Во истиот период, од јануари до декември 2021 година, од страна на МВР биле поднесени 221 кривична пријава против 246 лица коишто не ја почитувале мерката, односно примените решенија за изолација, потврдија за НоваТВ од Основниот кривичен суд Скопје.

На прашањето дали и колку од овие кривични пријави од МВР за кршење на мерката изолација имаат и судски пресуди, колку граѓани ја платиле казната за овој прекршок, од Основниот кривичен суд Скопје појаснуваат дека во однос на извршувањето на санкцијата, сеуште течат законски утврдените рокови за извршување на санкцијата пред да се донесе решение за присилна наплата, па така во текот на оваа година санкцијата е извршена во 13 предмети кои биле решени и правосилни во текот на 2021 година.

– Што се однесува до предметите од претходната 2020 година, до овој момент се извршени 440 пресуди, од кои најголем дел парични казни за прекршување на мерката изолација, ни изјавија од Основен кривичен суд Скопје.

Од Судот додаваат дека, по извршените проверки во системот, во текот на 2021 година во Основниот кривичен суд Скопје, по поднесени обвинителни акти или предлози за кршење на мерката изолација се примени 569 предмети за 939 лица, а од нив се решени 391 предмет за 649 лица. Од нив како правосилни, до овој момент, се заведени 206 предмети за 284 лица. 

– Во однос на видот на одлука, најголем процент од донесените пресуди се  парични казни кои се во рамки на законски пропишаната казна, а во два сеуште неправосилни предмети е определена затворска казна и тоа: во еден предмет две лица се огласени за виновни и осудени на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци, а во друг предмет едно лице е огласена за виновно и осудено на 6 месеци затвор, појаснуваат од Судот.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ДСЗИ, д-р Ирина Сотирова Бухова ни изјави дека инспекторите и натаму издаваат решенија за изолација на заразените со ковид-19, односно дека тој дел од протоколот е непроменет, а МВР продолжува да врши контрола врз  спроведување на оваа мерка.

Љубица Балабан

затворски казни ја прекршиле кривични пријави мерката изолација Основниот кривичен суд Скопје тројца граѓани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.