Oткако ги убила своите три деца, британката Фиона Андерсон извршила самоубиство.
Неколку часови пред грозоморниот настан, 20-годишната Фиона на својот Фејсбук профил пишувала очајни пораки за својот партнер за кој се жалела дека ја напуштил за друга жена. Поставила фотографија од своите три деца, на која напишала „Мама секогаш ќе ве сака и никогаш нема да ве напушти“.
Меѓутоа подоцна е пронајдена мртва пред една висока зграда во Лавстофт, Велика Британија, а полицијата телата на нејзините три деца, тригодишниот Левин, двегодишната Ади и 11-месечниот Кајден, ги пронашла во семејната куќа.
Се чекаат резултатите од аутопсијата со која ќе се потврди како децата се убиени.