Учениците коишто немаат услови за онлајн настава, ќе може да следат часови на телевизија. Часовите ќе се прикажуваат на Македонската телевизија секој работен ден со почеток од 8.30 часот и секој час ќе трае по 15 минути.
Министерката за образование Мила Царовска на фејсбук го објави распоредот на часови по одделенија.
„Едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици. Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат.“, напиша Царовска.
Во продолжение објевениот распоред: