НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Реформата има една главна цел, да обезбеди образование согласно светски стандарди

0
By Нова ТВ on May 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема лошо време за квалитетна реформа. Промените во системот на образование не се избрзани, туку се темелат на Стратегијата за образование 2018-2025 донесена кога министерка беше Рената Десковска и на Законот за основно образование, донесен кога министер беше Арбер Адеми, што покажува континуитет во работата на Владата за создавање квалитетно образование.

Со години се правени анализи на образованието, домашни и меѓународни истражувања, каков систем на образование ни е потребен, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во дебатната емисија на ТВ Клан.

Царовска рече дека сега е време да се направи исчекор, затоа што секоја изгубена минута со неквалитетно образование нé чини прескапо во по-глед на подготвувањето на човечкиот потенцијал за времето коешто доаѓа. Треба да почнеме денес, за да очекуваме поголем економски раст и развој по 15 години, со под-готвен човечки потенцијал.

-Новиот концепт за основно образование има една главна цел – да обезбеди нов систем на учење и нов квалитет на основно образование, согласно светски стандарди. Ниту е цел укинување на наставни содржини, ниту укинување на учебници, ниту намалување на фонд на часови. Сите научни дисциплини се учат и со новата концепција, нагласи Царовска, додавајќи дека опозицијата нема идеја какво образование и треба на нашата држава и на ниво на дневна политика коментира суштински значајни реформи. Од опозицијата не стигна ниту еден конструктивен предлог за подобрување на концептот, или на некој закон.

Реформата ќе се одвива етапно, а од септември влегува само во прво и четврто одделение. Државата нема време уште 10 години да дискутира дали во прво одделение да се воведе новиот концепт на образование.

-Државата во еден момент треба да одлучи да почне со реформата. Ако само анализираме, се губи можноста да пристапиме кон развиените земји со квалитетни образовни системи, нагласи министерката.

За оваа реформа, досега не се потрошени дополнителни средства. Царовска појасни дека реформата е целосно платена од меѓународните партнери на државата и Светска банка, затоа што веруваат дека е во најдобар интерес на учениците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.