Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Со унапредување на системот на евалуација до поквалитетно високо образование

0
By Ivana on October 28, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска им посака успешна работа на членовите на Одборот за евалуација на високото образование, кои посетуваат обука организирана и поддржана од Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје.

Како што соопшти Министертството за образование и наука, овој одбор, кој функционира од почетокот на годината и е првпат формиран во Република Северна Македонија, врз основа на Законот за високо образование и Стандардите и насоките за обезбедување  квалитет во европскиот простор на високо образование, има цел да го унапреди квалитетот на високото образование во нашата држава.

– Верувам дека преку оваа соодветна обука ќе ги стекнете потребните знаења и компетенции кои ќе помогнат во градење на капацитетите за евалуација и самоевалуација, клучни компоненти на процесот на обезбедување квалитет во високото образование. Исто така, убедена сум дека стекнатото знаење и искуства ќе се применат на најдобар начин за следење и оценување на квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката и стручната работа на академскиот кадар на високообразовните установи, и посебно на нивните студиски програми. Сето ова го правиме со цел да обезбедиме квалитетни високообразовни установи, кои ќе имаат атрактивна понуда на студиски програми не само за домашните, туку и за странските студенти и верувам дека со заеднички труд и посветеност ќе ќе ги оствариме овие цели’, рече Царовска.

МОН посочува дека Одборот за евалуација има законска обврска да подготви Предлог-правилник за стандардите и постапката за надворешна евалуација и самоевалуација.

-Имено, стандардите и постапката според кои се врши надворешната евалуација и самоевалуација мора да бидат усогласени со прифатените стандарди и постапки кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување квалитет во високото образование. За таа цел, цениме дека обуката низ призма на компаративните искуства ќе биде од голема полза за членовите на Одборот, додава МОН.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.