Не само Северна Македонија, туку целиот свет полека ги прифаќа лековитите дејствија на канабисот и неговите предности во медицински цели. Легализацијата и декриминализацијата на марихуаната не ја измисли премиерот Зоран Заев, тој само го отвори јавно прашањето за користењето на канабисот, за, ако ништо повеќе, да се отвори темата за да може лекарите, угостителите, туристичките работници, јавноста… да изнесат свои ставови околу употребата на канабисот со крајна цел да се утврди моделот прифатлив за сите. Со оглед дека во нашата држава маслото од канабис легално се продава во аптеките, премиерот оди чекор понатаму, предлага рекреативна употреба на марихуаната, на одредени локации во државата лиценцирани барови да можат да продаваат сушен цвет од ова растение. Неговиот аргумент е дека тоа значително ќе влијае на прилив на средства во буџетот, но ќе ги подобри и перформансите на угостителството и туризмот, а по примерот на многу држави се очекува и намалување на криминалот.
СЕ НАМАЛУВА КРИМИНАЛОТ И БРОЈОТ НА КОРИСНИЦИ, СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРОФИТОТ НА ДРЖАВИТЕ
Во правец на ставот на Владата на СДСМ одат и неколку значајни одлуки од последните денови на видни институции. По препорака на Светската здравствена организација, Комисијата на Обединетите нации за наркотични дроги, донесе одлука да го отстрани канабисот од категоријата опасни наркотици. Одлуката на оваа Комисија, инаку со седиште во Виена, може да влијае врз глобалната индустрија за производство на марихуана во медицински цели. Пред да се донесе одлуката за отстранување на канабисот од листата, тој беше означен во групата 4, заедно со хероинот и други наркотици. Ден потоа, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој првпат се дозволува употреба на канабисот. Законот предвидува отстранување на канабисот од листата на контролирани супстанци на федерално ниво и укинување на одредени сојузни пресуди.Законот треба да го одобри и Сенатот, каде мнозинство имаат републиканците, кои за сега се противат, па станува неизвесно како законот ќе помине таму. Како и да е, нештата се поместуваат и веќе постои цела политичка елита која сака да дозволи слободна употреба на канабисот.
На Европско тло некои држави целосно го имаат либерализирано пазарот со марихуана. Како примери секогаш се наведуваат Холандија и Португалија каде што статистиката забележала дека опаднал и криминалот со лесни дроги, а дека бројот на корисници не се променил значително. Профитот од употребата на ова растение во овие две држави е изразен во милиони евра. Што открива споредбата на истражувањата околу конзумирањето марихуана? Во Северна Македонија во 2017 година објавена е студија на Центарот за јавно здавје во која се наведува дека сите анкетирани испитаници од 15 до 64 години пробале марихуана. Во Холандија пак, таму каде што со години е легелизиран канабисот, само 16% од младите Холанѓани со просечни 28 години пробале марихуана. Се чини дека достапноста на лесните дроги ги прави неинтересни и не толку примамливи за новите генерации. Статистикие од оваа држава покажуваат дека прописите за легализација немаат воопшто негативни ефекти во општеството.
МАРИХУАНАТА Е ПОМАЛКУ ШТЕТНА ОД ТУТУНОТ И АЛКОХОЛОТ
Легализацијата на канабисот го добива својот моментум во многу делови од светот. Светските економски списанија објавуваат дека глобаланиот пазар на канабисот во 2018 година бил проценет на 10,6 милијарди долари, а се проценува дека до 2026 година ќе достигне 97,3 милијарди долари. Ако се следат овие бројки тогаш идејата на Зоран Заев за легализација и декриминализација е револуционерна. Тој сака да го следиме примерот на светките и европските понапредните држави, а да бидеме лидери во регионот, што на долг рок исто така би имало позитивни ефекти.
Користењето на канабисот датира од пред илјадници години, од кога се препознале неговите медицински придобивки. Историски е добро документиурано социјалното конзумирање на канабисот. Еден од најголмите аргументи во полза на канабисот е неговата спроедба со многу поштетните супстанци, како што се тутунот и алкохолот. Голем број научни истражувања ги потврдиле понесаканите дејствија и последици врз здравјето Искуствата покажуваат дека трошоците на државите се големи поради гонење на кривични дела со канабис, дури и на оние кои ја поседуваат за лична употреба, а со легализацијата државата ги зголемува своите буџетски приходи, а полицијата може да се посвети на посериозни форми на криминал. Исто така во земјите каде што легализацијата е целосно применета се подобрени и стандардите на одлгедување и квалитетот, а државата има поголемна контрола врз црниот пазар. Сите овие фактори одат во прилоог на растење на индустријата на канабис во светот.
Веќе одамна е познато дека козметичката индустрија е преплавена со производи од канабис, пред се производство на креми, масти, масла… Има силни клинички докази за здравствени придобивки на марихуаната, осбено се истакнува неговото значење кај хронична болка, епилепсија, канцер, анксиозност и многу други болести. Последните години, откако канабисот стана порелаксирана тема во јавноста, почна да се користи во прехранбената индустрија, па се проваат путери, води и сокови со канабис, колачи, чоколади и други производи од широка потрошувачка.
АМЕРИКА ВОДИ ВО ЛЕГАЛИЗИЦИЈАТА, ЕВРОПА ЌЕ РАСТЕ ЗАБРЗАНО
Во моментов северно- американскиот пазар е водечки регион по легализација, но се очекува во следните години европскиот пазар да доживее најбрз раст. Fortine business insights, кој ги истражуваат глобалните пазари, забележува дека легализацијата на канабис за рекретивна употреба во САД започнала во 2012 година кога Колорадо и Вашингтон ги презеле првите чекори. До 2019 година, вкупно 11 држави во САД и еден дистрикт го леализираа канабисот за рекретивна употреба.. Во САД сите држави го препознаат канабисот како форма на терапија и надминување на одредени здравствени состојби. Од неодамна и Канада се смета за земја знаменосец и има водечка улога во глобалната легализација на марихуаната. Само во една година, во 2018 –та, пазарот со канабис во Севрна Америка и Канада вредел 10,1 милијарди долари. Во Колорадо три проценти од буџетот се од производството и продажбата на канабисот. Парите одат во образовниот и здравствениот систем, како и за програми за превенција од дрога.
Глобалниот пазар на канабис е високо конкрентен и динамичен, се формираат нови партерства во индустријата паралелно со легализацијата низ светот, што значи колку трендот кога тогаш нема да не одмине и нас. Употребата во медицински цели одамна е добиена битка, сега фокусот на активностите и како да се легализира. Затоа некои држави пристапуваат кон едукацијата и дестигматизацијата на марихуаната. Се очекува дека во блиска иднина голем број држави низ светот, особено Јужна и Северна Америка, како и Европа да го легализираат рекреативното користење на канабисот. Статистиката од Португалија покажува дека откако ги декриминализирала сите дроги доживеала драстилен пад на криминалот со дроги, случаи со предозирање, преносливи инфекции.
Во Северна Македонија, како и во голем број други држави во светот е легализирана медицинската употреба на марихуаната. Во неодамнешна изјава Заев излезе со проценка од 250 милиони евра кои државата може да ги заработува само од извозот на масло и на суштен цвет од канабис. Дополнително, милиони евра може да заработува државата од домашното легализирање на марихуаната, односно дозвола за најзина употреба на туристичките места и во Скопје, во одредени локали кои ќе платат лиценца. Ако се погледнат примерите во Европа и во Америка, тогаш значителен е пораснат бројот на турсти, а во многу истражувања со туризмот е потврдено дека 25 до 30 отсто од странските гости наведуваат дека ја посетуваат земјата само затоа што канабисот е легален. Оттаму, идејата да се легализира марихуаната и за рекретивни цели во нашата држава, е позитивен пример од повеќе аспекти. Овој потег на Заев пристигнува во период кога и Хрватска јавно дебатира за потребата од легализација, што значи не сме осамени во регионот, но сепак предничиме во однос на другите. Едно е јасно, порано или подоцна канабисот ќе стане легален насекаде, па затоа и кај нас колку порано толку подобро.