НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цената на струјата во Европската унија урива рекорди

0
By Sashko on July 5, 2022 СВЕТ
Фото: energywatch-inc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цените на електричната енергија во Европа достигнаа рекордно ниво поради намалените испораки на гас од Русија, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Во Германија и во Франција, водечки земји во еврозоната, цените за мегават час за 2023 година поставија нови рекорди, достигнувајќи 325 односно 366 евра. Според експертите, зголемувањето се должи, пред сè, на недостигот на гас во Европа, што се појави главно поради намалувањето на увозот на овој енергенс од Русија, што, пак, се должи на воведувањето на санкции кон Русија.

Поради санкциите од Канада, Русија не успеа навреме да набави турбините потребни за „Северен поток 1“, принудувајќи ја да го ограничи своето производство на 40 проценти од максимумот.

Весникот нагласува дека во Европа растат стравувањата оти Русија ќе продолжи да го намалува снабдувањето по превентивното исклучување на гасоводот, што треба да започне на 11 јули. Ситуацијата се влошува поради фактот што инвестициите во нови наоѓалишта на гас ширум светот беа замрзнати за време на пандемијата со ковид-19, што сериозно ја ограничи можноста на ЕУ да го пренасочи увозот.

Според експертите, екстремниот недостиг на гас во Европа ќе трае најмалку уште една година.

„Борбата против енергетската криза во ЕУ дополнително се комплицира со фактот дека нема да успеат германските обиди за подобрување на ситуацијата со враќање на електраните на јаглен, бидејќи цените на јагленот исто така сега се на максимум“, наведува ФТ.

Весникот посочува и дека многу нуклеарни централи во Франција имаа неочекувани проблеми при техничкото одржување, што исто така го ограничува производството на електрична енергија во овој сектор. Франција, која порано беше нето извозник на електрична енергија, сега мора да се потпира на испораките од Германија, Велика Британија и други соседни земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.