Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Циклонот Таукае стига до Индија додека државата сѐ уште се бори со смртоносен втор бран на Ковид-19

0
By НОВА ТВ on May 17, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од BBC известуваат дека Гуџерат, западната сојузна држава во Индија, се соочува со циклонот Таукае и се смета дека ова е најсилна бура што го има погодено регионот во последните 23 години.

Најмалку шест лица загинаа, а околу 25 000 луѓе се евакуирани во последните два дена во услови на обилни дождови што го придружуваа невремето. Според метеоролозите оваа бура сега се класифицира како „екстремно силна циклонска бура“.

Овој регион на Индија е често погоден од страна на бури и циклони. На пример, во јуни, 2020 Мумбаи беше погоден од циклонот Нисарга исто така за време на Ковид-19 пандемијата. Мумбаи е најголемиот град во Индија со популација од 20 милиони жители. Лани жителите на овој град биле советувани да не ги напуштат нивните домови заради нивната безбедност.

Многумина сметаат дека вакви екстремни временски услови се резултат на глобалното затоплување кое е предизвикано од човечка активност, односно индустријализацијата, користење на фосилни горива наместо зелени енергии итн.

Во напис за Indian Climate Change Dialogue тие го пишуваат следното за зошто циклонот Таукае е толку силен и каква е неговата поврзаност со климатските промени:

„Климатските промени ги засилуваат циклонските бури што обично се формираат во северниот дел на Индискиот Океан. Зголемувањето на температурата на површината на морето може да ги направи циклоните помоќни. Потоплите океани значат поголеми врнежи од дожд за време на невреме. Зголемувањето на нивото на морето како резултат на глобалното затоплување создава повисоки бранови, кои достигнуваат до поголеми области на копното. Повисоките температури доведуваат и до формирање на циклони многу побрзо, како што беше случајот со циклоните Нисарга и Амфан.“

Индија конечно доживува одреден пад во бројот на Корона вирус случаи. Вчера беа регистрирани 281 860 Ковид-19 случаи што е позитивна вест со оглед на тоа дека со недели во Индија се регистрираа над 300 000 дневни случаи. Сепак пандемијата е дополнителен предизвик со кој се соочува Индија во овие тешки периоди на циклони.

Овие екстремно високи бројки во Индија го донесоа здравствениот систем во државата пред колапс и покажаа системски слабости во здравствената инфраструктура. Исто така трагедијата во Индија — како и случаите во други не-западни држави како Непал – отворија прашања за вакцинациската нееднаквост во светот.

Многу активисти, прогресивни политичари, како и меѓународни организации ја критикуваат оваа нееднаквост. Минатата недела Тедрос Аданом, генералниот директор на Светската Здравствена Организација (СЗО) го изјави следното:

„Шокантен е глобалниот диспаритет во пристапот до вакцините и останува еден од најголемите ризици за ставање крај на пандемијата. Земјите со високи и повисоки примања претставуваат 53% од светската популација, но примиле 83% од светските вакцини. Наспроти тоа, земјите со ниски и пониски средни приходи сочинуваат 47% од светската популација, но примиле само 17% од светските вакцини.“

Оваа вакцинациска нееднаквост е особено јасна во изминатите недели кога одредени западни и побогати држави ги олабавуваат мерките. Во поголемиот дел од Велика Британија, каде што повеќе од 20 милиони луѓе веќе се целосно вакцинирани, многу од мерките се олабавуваат и дури се дозволува дружење во затворени простории со одредени рестрикции.

За сега, светот сѐ уште продолжуваат да постојат практично две пандемии: една во богатите земји каде луѓето имаат голем пристап до вакцини и друга во посиромашните земји каде што владите сѐ уште се молат со големите фармацевтски компании за пристап до вакцини.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.