Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид трагедијата во Индија отвара прашања околу системски проблеми со здравствениот систем во државата

0
By НОВА ТВ on May 4, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 4, 2021 14:48

Ковид кризата во Индија е на катастрофално ниво во последните две недели. Нови рекордни бројки на Корона вирус случаи се регистрираат скоро секој ден: на 22ри април, во само еден ден регистрирани се 314,835 случаи, а од тие 2,104 се смртни случаи – просекот на смртни случаи претходната недела беше 1,648 дневно што значи дека смртноста сега е значајно зголемена.

Вчера во Индија беа регистрирани 368.147 нови случаи на Ковид-19, и ова е 12-ти ден по ред како бројот на новозаразени не се спушта под 300.000. Многумина сметаат дека овие бројки се дури и ниски и дека многу од новите Корона случаи воопшто не се регистрирани.

Оваа криза се должи на повеќе фактори меѓу кои се олеснувањето на Ковид мерките во последните 2 месеци, но и недоволни залихи на кислород како и недостиг на вакцини.

Во март, милиони луѓе од Хинду религијата се собраа на бреговите на реката Ганг на религиозниот фестивал Кумб Мела, и покрај веќе зголемените случаи во земјата. И изборите во Индија поминаа без претпазливост, честопати со големи митинзи предводени од политички партии, вклучително и десничарската БJП на премиерот Нарендра Моди, кои привлекоа голем број поддржувачи кои во генерално не носеа маски, допринесувајќи до дополнително зголемување на борјките. Сѐ ова се случуваше само 2 месеци по наводната победа на Индија врз вирусот.

Иако Индија имаше добри резултати околу кризата, сега само нешто повеќе од 10 вакцини се администрирани на 100 луѓе во Индија, во споредба со 71 во Велика Британија и 70 во САД. Оваа огромна разлика покажува колку е светот далеку од вакцинациската еднаквост за која би требало сите да се залагаме. Заради критичната состојба, некои држави ветија дека ќе донираат вакцини на Индија. На пример, по телефонски разговор помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и индискиот премиер Нарендра Моди, САД вети дека ќе донира 60 милиони дози од Астра Зенека вакцината на Индија. Мора да се напомене дека оваа вакцина не е одобрена за користење во САД што ја комплицира оваа донација на вакцините.

Некои експерти сметаат дека донациите на вакцини, како и масовната вакцинација нема да можат да го решат овој проблем на краток рок. Професорот по епидемиологија на заразни болести, Дејвид Хејман смета дека непосредениот фокус треба да биде на кислород, вентилатори и дексаметазон како алатки за ставање на пандемијата под контрола.

Сепак, на долг рок мора да се размислува за глобална масовна вакцинација како решение. Еден од најголемите проблеми околу оваа цел е фактот што COVAX системот преку кој би требало да се распределат вакцините на правичен начин не функционира многу добро за сега.

„Во март и април, COVAX системот достави 90 милиони дози помалку во 60 земји со најнизок приход,“ рече Сет Беркли, извршен директор на Гави, Алијансата за вакцини.

„Можеме да зборуваме за глобалниот империјализам и фактот дека Индија е најголемиот производител на вакцини во светот и е среќа што сме во оваа позиција каде индиските компании произведуваат вакцини,“ ми кажа Тања Шарма, мастерс студент на правни студии во Делхи. „Но, за жал, сепак сме зависни од меѓународните заедници за некои ресурси, како што видовме по повлекувањето на одредени суровини од страна на САД. Мислам дека она што САД го направија беше класичен глобален империјализам. Очигледно, тие отстапија и на крај ги испратија ресурсите бидејќи, сепак, позицијата на Индија влијае и на меѓународно ниво.“

„Но, јас би рекла дека најзначаен е проблемот со огромна системска слабост на здравството во кое долго време не се инвестира. Тоа е она што луѓето го истакнуваат, односно дека здравствениот систем од секогаш бил ваков, но дека сега кога тој систем влијае и врз богатите и привилегираните па затоа луѓето почнаа да зборуваат за тоа на меѓународно ниво,“ додаде Шарма.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.