НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црквата не припаѓа само на минатото, на сегашноста или само на иднината, таа е безвременска, нагласи српскиот патријарх Порфириј од Охрид

0
By Sashko on June 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гледајќи ги светилиштата во охридско-струшкиот регион, сфативме дека на луѓето тука најважно им било да ја чуваат својата православна христијанска вера, но не само да ја чуваат, туку и да живеат со православната вера, по евангелието, истакна денеска патријархот српски Порфириј по посетата на храмот „Св. Богородица – Перивлепта“ и Галеријата на икони во Охрид.

Тој нагласи дека при посетата на Струга и Охрид имале можност да се поклонат на православните христијански светилишта и да видат што „православните христијани пред многу векови го сметале најважно во својот живот“.

„И ништо друго да немаме, туку тоа искуство кога посетуваме вакви светилишта имаме јасна порака за нас. Денеска ние луѓето кои живееме во овие времиња изложени сме на различни предизвици. Тие предизвици често нудат некои нови вредности и нови погледи на светот. Нормално Црквата секогаш е современа, не припаѓа само на минатото, дури ни на сегашноста, па ни само на иднината таа и припаѓа на вечноста и во таа смисла е безвременска. Се труди да биде секогаш актуелна, да ги дели сите проблеми сите искушенија сите неволји, но и сите радости со кои се соочува секој човек живеејќи во ова време“, изјави Порфириј.

Но, како што нагласи, и покрај тоа затоа што е безвременска и надвременска, бидејќи не е ниту старомодна, ниту модерна, Црквата нуди и вертикала, нуди смисла на постоење на секој човек во секое време и во секој простор.

„Црквата дава можност да разбереме дека сме створени за вечноста и дека љубовта е темел на нашето постоење и тоа баш онака како што говори Светото евангелие со целото свое битие кон Бога, но покрај таа љубов спрема Бога и љубовта кон ближниот, а тоа значи спрема секој човек. Кога Евангелието говори за ближниот, не го подразбира само оној кој е покрај нас, ги подразбира и сите останати луѓе“, истакна патријархот српски.

Поклонувајќи се на светињите и посетувајќи ги „местата на светиите“, како што рече, најдобра можност е да се загледаме во себе, да се восхитуваме на она што го оставиле пред нас оние што ја живееле православната вера, како предание и како духовна култура, но имаме и можност да бидеме вкоренети во преданијата и да се наоружаме да живееме во своето време како современици на сите луѓе.

Делегацијата на Српската православна црква предводена од патријархот Порфириј беше пречекана вчера во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, каде во нивна чест беше отслужено доксологија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.