Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црногорската опозиција го повлече предлогот за гласање недоверба на владата

0
By Ivana on December 13, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црногорската опозиција, денеска, непосредно пред почетокот на парламентарната седница, го повлече барањето за недоверба на црногорската Влада, иако претходно тврдеше дека ќе има доволно гласови за соборување на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ.

Причина за повлекувањето е иницијативата на владејачкиот просрпски Демократски фронт, кој во саботата најави дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на актуелното собрание, за напролет да се одржат предвремени парламентарни избори.

Демократскиот фронт е составен дел од актуелното владејачко мнозинство, но од почетокот се спротивстави на експертската влада на Здравко Кривокапиќ, тврдејќи дека во неа требало да бидат вклучени политичари од тој политички сојуз, а често ја условуваа нивната поддршка за владините предлози во парламентот.

„Сметаме дека без одлагање треба да почнат разговорите за формирање ново парламентарно мнозинство“, се наведува во заедничкото соопштение од опозицијата и оттаму се додава дека „поради оваа причина, ја повлекуваме иницијативата за недоверба на црногорската влада“.

Предлогот за разрешување на владата, поднесен до црногорскиот Парламент кон крајот на ноември од членовите на Демократската партија на социјалистите (ДПС), албанските национални партии, Бошњачката партија, СДП и социјалдемократите, вели дека Црна Гора е вмешана во голема политичка и институционална криза, најголемата од воведувањето на повеќепартизмот во земјата. За тоа најмногу придонела ситуацијата поврзана со статусот на Српската православна црква, за која тврдат дека има клучни лостови во црногорската влада.

За да ја урне власта, опозицијата мораше да обезбеди само еден глас од претставниците на владејачките партии, а неколку недели пред седницата се шпекулираше дека за „златниот глас“ се понудени неколку десетици милиони евра.

Претходно, во црногорските политички кругови се споменуваше можноста за формирање малцинска влада, која би ја поддржале претставниците на Обединетата реформска акција(УРА), на Дритан Абазовиќ, кои сега се дел од владејачкото мнозинство, а во која немаше да биде вклучена ДПС на Мило Ѓукановиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.