Емилија Целакоска: Извршната власт дефинитивно има вина, но става мини на патот од вид на неформална недоследна логика, недоследни етос и патос и така, за трагедијата во Кочани, дури и трие сол на раната со дополнителни удари врз емоциите. Првата емоција која ја злоупотребува е природниот човечки душевен процес на неприфаќање дека оваа трагедија воопшто има некаква смисла. Имено, врз основа на човечкото неприфаќање смисла на трагедија, го мами граѓанството дека конкретнава извршна власт е некако надвор од системот, па така ќе се борела со системот, како тоа да е туѓ некој систем, кадешто оваа власт бајковито не припаѓа. Немањето смисла на трагедијата, ја претвара во барање кон граѓаните да ја игнорираат причинско- последичната врска на трагедијата со нивните извршни одговорности! Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.