Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвенковска: Ефикасно судство значи правда за граѓаните и стручни судии

0
By Ivana on March 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Скопје се одржува работилница за системите за управување со перформансите на судството во рамките на МАТРА проектот, под покровителство на Министерството за надворешни работи на Холандија, а на која учевствуваат високи преставници на судската власт.

МАТРА проектот е посветен на зајакнување на независноста, ефикасноста, отчетноста и транспаретноста на Судскиот совет, а со тоа и на целиот судски систем.

Денешната сесија е посветена на ефикасноста на судството, тема за која свое обраќање имаше претседаелката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, која ги нагласи двата клучни елемента за ефикасен судски систем.

„Првиот елемент е брзата, ефикасна и објективна правда и второто, довербата на граѓаните кон судскиот систем. Овие две работи се зависни една од друга, ако сакаме да постигнеме ниво на висока доверба кај граѓаните ние мораме ним да им овозможиме лесен, едноставен, сигурен и објективен пат до правдата. Бројките за сработеното стануваат неважни ако ние не обезбедиме правда и правичност и ако не стигнеме до задоволително, а во иднина и до високо ниво на доверба. Според мене крајната цел на сите реформи во судството или крајот на сите проекти, вклучително и МАТРА проектот, е недвосмислено да создадеме систем на кој ќе му се верува, систем на кој ќе може да се потпрат обесправените граѓаните, целина за која ќе знаеме дека е успешна, независна и која делува исклучиво според закон, без надворешни влијанија на која било елита.“- истакна Црвенковска.

Таа ги посочи двете нови методологии донесени во Судскиот совет, кои се значајни документи кон обезбедување на ефикасно судство.

„За таа цел ние од поодамна имаме донесено Методологија за квалитативно оценување на судиите и на претседателите на судовите. Преку таквата методологија ќе ги исклучиме субјективните фактори за оценување на судиите, кои потоа служат и за унапредување на одреден судија. Едноставно правиме напор оценувањето да се спроведе врз мерливи критериуми базирани на објективни резултати, а тоа секако дека ќе ја зголеми ефикасноста на судството. Минатата година донесовме Методологија за утврдување сложеност на судките предмети преку која прецизно ќе се знае кој судија колку предмети треба да има во текот на годината. Таквата методологија ќе овозможи предметите да се решаваат во побрзи рокови, со прецизно утврдени сведоци, докази, број на рочишта, а следствено на тоа однапред ќе биде извесно кога судијата ќе изрече пресуда. И овој документ ќе даде голем придонес во зголемување на ефикасноста на судството.  Овие две методологии се во фаза на имплементирање во АКМИС системот, што значи создаваме услови за нивна дигитална примена со што оценувањето на судиите и контролата врз предметите на кои работат ќе биде поголема. Во ситуација кога самите судии ќе знаат дека оценувањето на нивната работа се врши врз точно утврдени критериуми низ објективна призма и кога ќе знаат дека им се делат предмети според нивната сложеност тогаш самите судии ќе имаат поголем мотив да бидат поефикасни, постручни, објективни и независни.“- нагласи Црвенковска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.