НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвенковски: Голема грешка беше Договорот со Бугарија, Софија ќе стави вето и на јунскиот самит

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 27, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, на трибина организирана од Советот на амбасадори, оцени дека потписот за „заедничката историја“ со Бугарија и за формирањето на историската комисија бил грешка и дека, наспроти Преспанскиот договор со Грција, кој ги затвори спорните прашања меѓу двете земји, овој ја отворил Пандорината кутија и ги влошил билатералните односи со оваа земја уште повеќе.

-Не би ставил знак на еднаквост меѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно, туку напротив  ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија кои до таа мерка задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис едноставно не е можен, рече Црвенковски.

Оттаму, според поранешниот претседател, односите со Грција затоа се неспоредливо подобри по потпишувањето на договорот, но сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши отколку пред потпишувањето.

– Или да бидам директен, потпишувањето на Договорот со Бугарија со таа содржина, посебно со формулацијата за заедничка историја и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка. Тезата која се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме, а за историјата ќе се договориме, во самата своја основа е апсурдна. Секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес кој се потпира на одредени историски меѓници настани и личности. Ако тие ви бидат одземени, од националниот идентитет не останува ништо, порача Црвенковски.

Тој се огради дека и оваа оценка не значи дека и без договорот Бугарија немаше да стави вето, тој нагласи дека во таков случај барем немаше да го користи како аргумент во Брисел дека Македонија не ги исполнува преземените обврски.

– Позициите презентирани од страна на официјалните преставници на Република Бугарија се такви што не оставаат простор за каков било оптимизам, рече Црвенковски, додавајќи дека очекува Софија да стави вето на нашите преговори и на јунскиот самит на ЕУ и дека оваа блокада ќе потрае подолго така што државата треба да се подготви за тоа и да се фокусира на реформите.

Според него, имајќи ги предвид позициите и црвените линии на двете страни единствено можно решение е асиметрично толкување на историјата, односно секој да си го задржи своето видување.

– Дали и кога е можно такво нешто, јас не знам. Но, она што сигурно знам е дека веднаш треба да се прекине праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања, оцени Црвенковски.

Тој го спомена и стратешкиот дијалог со САД во јуни, оценувајќи дека тајмингот за него не е случаен, како што не беше и договорот за стратешко партнерство со САД во 2008 година, по самитот во Букурешт – тогаш по ветото на Грција во НАТО, а сега по ветото на Бугарија во ЕУ.

Тоа, според Црвенковски е јасна порака од страна на Вашингтон дека во вакви критични моменти стои зад стабилноста, безбедноста и евро-атлантските аспирации на Македонија.

Тој ги повика политичките актери во земјава да се подготват за разните сценарија кои доаѓаат од ЕУ, а кои водат кон разни форми на интеграција, но не и членство, изразувајќи чудење што во јавноста поголем одек имала изјавата на Красимир Каракачанов, отколку таа на Емануел Макрон.

– За нас е неприфатлива каква било алтернатива за полноправно членство во ЕУ. Тој став целосно го разбирам. Но, да бидеме реални. Како ќе изгледа ЕУ по десет или 15 години и како тоа ќе се одрази на процесот на проширување нема да се одлучува во Скопје, Белград, Подгорица и Тирана, туку во Брисел и пред сѐ Париз и Берлин, рече Црвенковски.

Црвенковски даде силна поддршка и за иницијативата „Отворен Балкан“, гледајќи излез од блокираната евроинтеграција во регионалната соработка.

– Суетите мора да бидат оставени настрана. Не е битно низ која или низ чија иницијатива ќе се остварува регионалната соработка, низ Берлинскиот процес, „Отворен Балкан“… Лично моите симпатии се насочени кон „Отворен Балкан“, рече Црвенковски.

Црвенковски порача дека руската инвазија на Украина заслужува најостра осуда и дека е добро што Македонија го направила тоа без какви било дилеми и калкулации.

Бранко Црвенковски Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.