Тунискиот претседател Каис Саид разреши 57 судии поради корупција
Меѓу отпуштените е и Јусеф Бузакер, поранешниот претседател на Врховниот судски совет, чии членови Саид ги смени оваа година кога ја презеде контролата врз судството.
Тунискиот претседател Каис Саид отпушти 57 судии, обвинувајќи ги за наводна „корупција и заштита на терористите“, во чистка што ја спроведува откако ја презеде контролата врз судството и другите гранки на власта на почетокот од оваа година, јавува Ројтерс.
Во вчерашното телевизиско обраќање, Саид рече дека „му дал можност и предупредување на судството да се прочисти“, а неколку часа подоцна, официјалниот весник објави декрет со кој се објавени отказите, наведува британската агенција.