Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчевски: Мора да се стави крај на селективната правда и неспроведувањето на законите

0
By Ivana on January 31, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процесот на филтрација на судиите и отстранување на системските проблеми остануваат високо на агендата на Mинистерството за правда. Мора да се елиминираат долгогодишните практики на неспроведување на законите и да се стави крај на селективната правда.Ова  вечерва го изјави министерот за правда Никола Тупанчевски во интервју за МРТ.

-Ветингот како процес или филтрацијата може да се направи со постојните капацитети, но и со постојните законски решенија. Единствено треба да се самореактуелизира уште еднаш да се мотивираат капацитетите кои ги имаме кај нас, да бидат на ниво на задачата која ја имаат според закон. Ветинг како посебен процес нема да има, меѓутоа ќе има дефинитивно следење на состојбите и работата на судиите и проверка на нивната работа и сите околности кои имаат комплеменатрен карактер, а се на линија што се нарекува професионална етика и законито и совесно работење, појасни министерот Тупанчевски.

Министерството за правда, како што нагласи, ќе ги создаде оптималните услови кои ќе бидат неопходни за реализцаија на сегментите предвидени во идната стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Според него, ќе треба да се направи малку поголемно поместување, во смисла на тоа дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители претставуваат тела кои ќе треба постојано и во континуитет да ја следат работата на судовите и на обвинителствата и најревносно да ја извршуваат својата задача.

Министерот потенцира дека треба да се покаже и докаже дека во земјава правдата е неселективна и како пример ги наведе последните случувања со сообраќјните деликти.

– Коментарите на обвинителите, судиите, па и општата јавност е дека нешто таму не штима и не е во ред за случувањата со сообраќајните деликти. Сите споменуваат дека проблемот е во законот, а како може да биде проблемот таму, кога законот за тешки сообраќајки со смртни последици предвидува казни од четири до 20 години затвор, рече Тупанчески.

Тој посочи дека главната карактеристика на пресудите за сообраќајните деликти се условните казни и додаде дека мора да се консолидираат сите и да се разгледаат решенијата.

-Реален проблем е и невоедначеноста на судските пресуди. Не може за едно исто или слично дело во една апелационо подрачје да се доделуваат големи казни, а во друго само условни казни, рече Тупанчески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.