“Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Патувањето не беше во рамките на моите службени должности. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив“ вели во интервју за утрешен Трилинг министерот за правда – Никола Тупанчевски.
„Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба“, дециден е министерот за правда.