Повеќе од 40 луѓе загинаа кога две автомобил-бомби експлодираа попладнeво во јужниот турски град Рејханли, изјави турски министер за внатрешни работи, Муамер Ѓулер, јавува Си-Ен-Ен.
Уште 100 луѓе се повредени, 29 од нив се во критична состојба, рече тој, според полуофицијалната агенција Анадолу.
Третата експлозија се случила само неколку часа по првите две, а нејзината причина се уште не е позната, пренеле локалните медиуми. Во првите два случаи, станувало збор за автобомби поставени во близина на градскиот совет и поштата, објавиле државните претставници.
Првата експлозија се случи околу 01:55 на општинската зграда, во која се сместени градските канцеларии. А втора, помоќна, експлозија се случила во предниот дел на поштата.