Триесет лица беа спасени кога туристички брод на реката Темза се запалил во близина на Домовите на Парламентот, јавува ББЦ.
Многу луѓе скокна во реката од бродот на фирмата London Duck Tours.
Сите патници и членови на екипажот се спасени од страна на службите за итна помош и туристички брод кој во тој момент поминувал.
Оние кои се спасени беа главно “водени и измрзнати”, рече претставник на лондонската Брза помош. Некои луѓе претрпеле ефектите од вдишувањето чад.
Три лица биле однесени во болница “како мерка на претпазливост”, рече портпаролкатана Брза помош.