Персоналот на авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ денеска стапија во штрајк. Вработените бараат договор околу платите, како и враќање на отпуштените работници.
Барањата на синдикатот се враќање на работата на 305 работници кои беа отпуштени.
Според раководството на компанијата планираните летови нема да бидат откажани.
„Сите наши вработени се на страна на компанијата и го занемарија штрајкот“, се вели во соопштението на турската авиокомпанија.
„Туркиш Ерлајнс продолжува со своето секојдневно работење како што е планирано и сите летови се одвиваат на време“.
Од друга страна, од синдикатот изјавуваат дека нарушувањата ќе се почувствуваат во следните неколку часови.
„Многу од летовите се одвиваат на време, но сега се организираат колегите за учество во штрајкот“, се вели од синдикатот.
Во јуни 2012, авиокомпанијата отпушти 305 вработени кои штрајкуваа неколку дена.