Членовите на Конфедерацијата на синдикати на државните службеници во Турција (КЕСК) ги исполнија своите најави и од денеска се на штрајк во знак на протест против употребата на сила од страна на полицијата врз демонстрантите. Тие им се придружија на демонстрациите со околу 250 илјади административци.
– Првично планиравме да стапиме во штрајк на 5 јуни со барање за зголемување на безбедносните услови при работа и за зголемување на платите. Поради протестите го сменивме датумот и се приклучуваме на демонстрантите, изјави претставник на КЕСК.
– Како дополнување на првичните барања, протестираме и против политиката на владејачката Партија на правдата и развојот , посочи претставникот на КЕСК.
Фотографија: Томислав Георгиев