Членови на групата „Солидарност за Таксим“ денеска доставиле барањата до вицепремиерот Булент Аранч на средба во Анкара.
Тие бараат Владата да се откаже од плановите за градење во паркот Гези во Истанбул, потоа да бидат разреши од должност шефовите во полицијата одговорни за насилствата за време на неколкудневните протести во државата, како и пуштање на слобода на сите уапсени демонстранти, запирање на користењето солзавец од полицијата и слобода на говорот.
Денеска 25 блогери и активисти на социјалната мрежа Твитер во Измир беа приведени од полицијата со обвинување дека шират дезинформации, јави БИ БИ СИ. Приведените се млади лица на возраст под 30 години. Во акцијата извршен е претрес на 38 апартмани во Измир.
Турскиот премиер Ердоган неодамна изјави дека социјалната мрежа Твитер е закана за општеството.