– Им се извинувам на сите кои станаа жртви на насилството, затоа што се чувствителни кон заштитата на животната средина, изјави денеска турскиот вицепремиер Булент Аринч.
Тој ги повика турските граѓани „денеска да ги прекинат“ демонстрациите, почнати пред пет дена.
„Убеден сум дека нашите одговорни граѓани денеска ќе ги прекинат своите протести, и тоа е она што го очекуваме од нив“, рече Аринч по средбата со претседателот Абдула Ѓул.
Првите демонстрации, започнаа против изградбата на трговски центар во Гези паркот во Анкара по што се проширија низ целата земја како антивладини протести.
ВИДЕО: Светот згрозен од бруталноста на турската полиција
Демонстрантите бараат оставка од премиерот Реџеп Таип Ердоган, во понеделникот замина на пат за Мароко, Тунис и Алжир.
Медиумите имаат селективен пористап кон инфорирањето, додека на социјалните мрежи се шират вести за повеќемина повреди и загинати, досега официјално турските власти ја потвдија смрта на две момчиња.
ова е оригиналната изјава вицепремиерот Аринч на турски јазик