Турскиот вицепремиер Булент Аринч најави повлекување од активниот политички живот по судирот со премиерот Реџеп Таип Ердоган околу машко-женските студентски домови.
– Сакам да се повлечам од активниот политички живот. Доколку премиерот тоа ми го дозволи и доколку ја почитува мојата одлука, нема да бидам кандидат за која било функција во Владата, рече Аринч.
Изјавата на вицепремиерот уследи по контрадикторните коментари на Ердоган и Аринч поради најавата на турскиот премиер дека до 2014 година ќе бидат укинати мешовитите студентски домови.