Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција и Русија во поход кон Балканот, ЕУ мора да го врати под свое

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Следната криза во Европа, како и многу пред тоа, би можела да започне на Балканот. ЕУ и НАТО се обидуваат да привлечат земји како што се Србија и Црна Гора, но се соочуваат со борба за влијание во регионот со земји како што се САД, Русија, Турција, па дури и Саудиска Арабија, пишува германскиот весник „Ханделсблат“ , во текстот „ЕУ, Русија и Турција се борат за влијание на Балканот“.

Турција и Русија, пишува весникот, го шират  влијанието толку што австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц ја повикува  ЕУ да го „врати Балканот во нејзината  орбита”.

Говорејќи за Ханделсблат, Курц предупредува на зголеменото влијание на Турција и Саудиска Арабија.

“Во Сараево и Приштина, на пример, жените се платени да бида целосно покриени на јавните места”, вели австрискиот министер за надворешни работи, додавајќи: “Не можеме да гледаме и да не правиме ништо”.

– ЕУ, и покрај тоа што во моментов е вознемирена од случувањата како што се Брегзит, миграциската криза или тероризмот, не смее да го „испушти од вид“ Западен Балкан, изјави Курц.

Тој потенцира дека во регионот повторно е забележан раст на тензиите меѓу земјите.

– Поради тоа мора и натаму да играме активна улога во овој, за Унијата, многу важен регион. Мора да ги поддржиме реформите и борбата против радикализацијата, како и да понудиме веродостојна европска перспектива, заклучи Курц.

Во анализата, весникот појаснува дека освен историската поврзаност на Турција со регинот, забележителна е и нагласена економска агенда на Анкара, особено последниве години. Изминатите месеци Турција инвестира во рударските капацитети на Косово, договорена е соработка со авиокомпанијата во Албанија и во мај потпишан е нов договор за слободна трговија со Босна. Во јавните изјави за Балканот, Турција ја истакнува својата улога како стабилизирачки фактор во регионот.

Според весникот, Русија е уште еден играч во „тешка категорија“ на балканската сцена. Тука се посочуваат блиските односи со својот традиционален сојузник Србија, кои не се само благодарение на нивната заедничка словенска култура и православна религија: анкетите покажуваат дека повеќето Срби се про-руски определени и негативно настроени кон НАТО, што според весникот се должи на бомбардирањата во 1998 година. Весникот ја посочува и изјавата на заменик-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин при неодамнешната посета на Белград дека “Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ. ”

Како илустрација на длабоката руска инволвираност на Балканот, германскиот весник го посочува случајот со обидот за државен удар во Црна Гора непосредно пред изборите, за што се обвинети неколкумина руски и српски државјани.

Во однос на Македонија се истакнува изјавата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска дека земјата сака да го забрза зачленувањето во НАТО во услови на  “руски обиди за влијание во нашата политика и безбедност”, што Москва го отфрли како русофобија, пишува „Ханделсблат“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.