Варшава: Експлозија што претставува чин на саботажа вчера ја уништи железничката пруга Варшава – Лублин, изјави полскиот премиер Доналд Туск.
На линијата Варшава-Лублин (селото Мика) се случи чин на саботажа. Експлозијата на експлозивна направа ја уништи железницата, напиша Туск на X, пренесува полската новинска агенција ПАП.
Во неделата наутро, машиновозачот пријавил неправилности на железничката инфраструктура во областа Жичина по телефон, а според полицијата во тој округ, прелиминарниот преглед на пругата открил оштетување на еден дел. Оштетувањето било предизвикано од експлозија.

