Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тутунарите од струмичкиот регион се заканија со протест пред Владата

0
By Томе Христов on December 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тутунарите од струмичкиот регион излегоа на протест и го блокираа магистралниот пат Струмица – Радовиш. Незадоволни од начинот на откупот на тутунот, ниската цена и како што велат, потценувачкиот однос спрема тутунот, целосно ја деградирало нивната работа и егзистенција. Тие побараа од Владата да одвои дополнителни 30 денари за килограм тутун, со што субвенцијата од 60 денари би се зголемила на 90 денари. Во спротивно најавија дека ќе излезат на голем протест пред Владата во Скопје.

„ Бараме од Владата да не остане ниту еден килограм неоткупен тутун и откупот на целиот тутун да се заврши до 15-ти март 2015 година, до кога е законската можност за продадениот тутун да се добијат субвенции, рече Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители.

Тутунарите побараа од Груевски да ги слушне нивните барања, бидејќи тутунот им бил единствената егзистенција.

„ Ми го проценуваат на 14 денари килограм тутун, оваа е срамота, нека слушне Груевски. Ние сме седум члена фамилија и не знаеме веќе каде да се обратиме“, вели Мухарем, тутунопроизводител од струмичко.

„ Жално е што ја будам фамилијата во 3 часот наутро да кршат тутун, а сега да немам да им дадам по некој денар за Новата година, оти тутунот не го зимаат. Моментално децата ме гледаат, инвалид сум и немам никакви приходи, вели Томе Мицев.

Тутунопроизводителите се незадоволни од односот на откупувачите бидејќи, како што велат, повеќе од половина тутун им го враќале.

„ Го носев тутунот според датумот кој што ми беше одреден и пак ми вратија 400 килограми оти не бил квалитетен. Нека дојде комисија да утврди дали не е квалитетен“, вели Ацо Михајлов од Василево.

„Имам 1000 килограми тутун, од кои само 500 килограми ми зедоа, ми кажаа тутунот имал некакви бои. Просекот ми излезе по 75 денари, целиот тутун ни стои во подрумите, ќе остане и ќе се расипе, а од друга страна бараат да плаќаме давачки, рече Кољо Мицев, тутунопроизводител од Василево.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.