Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Твитер-пораките на мачките на Ванхауте

0
By Влатко Чаловски on February 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белгискиот експерт помеѓу партиите, Питер Ванхауте, кој работи на завршување на политичката криза во Македонија, е често активен на социјалните мрежи преку својот Фејсбук профил или преку Твитер.

Пред новинарите е секогаш отворен за изјава пред или по завршувањето на состанокот на работните групи на партиите во Клубот на пратеници, а чест случај е своите пораки да ги објавува и на социјалните мрежи. Неговите пораки треба да се сфатат сериозно бидејќи тој најдобро знае во каква атмосфера се преговара помеѓу партиите, иако никогаш не испратил директна критика до преговарачите со цел да се зачува текот на процесот.

Денес, објавувајќи дека продолжуваат преговорите, на Твитер објави фотографија од маче и порака, својствено за месец февруари на неговиот профил.

„Уште еден нов ден на преговори за медиумите: Ќе одбереме слобода за медиумите или понижувачка контрола врз медиумите“, се вели во Твитер-пораката на Ванхауте дополнувајќи ја со фотографија на која се вели: „Мислам дека ја сакам слободата на медиумите се додека ги контролирам“.


Во однос на 14.февруари, денот кога светот ја слави љубовта, Ванхауте твита: „Не се имплементирани Реформските приоритети и препораките од Прибе?“, дополнувајќи ја сликата со маче кое порачува „Нема бакнежи за Св. Валентин“.


Ноќта за време на распитот на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во кривичниот суд, по најавената акција „Титаник“, Ванхауте објави порака која може да се толкува како шифрирана, а за тоа како ќе ја толкувате, останува на вас:


Неговата заштитна карикатура, мачето на Твитер се јави и за време на симболичниот протест пред Владата, преку кој граѓанските активисти алармираа за обемното иселување на младите од Македонија.


„Минута молк во 12 часот за оние кои ја напуштија својата земја во потрага по подобра иднина“, стои во пораката.

Пораката на 12 февруари е повторно поврзана со политичката ситуација во земјава, а за нејзиното толкување, просторот повторно го оставаме на читателите.


„Избори? За да го смениш идентитетот 3 пати во една година? НЕ!“

Несомнено е дека политичката криза во Македонија својата кулминација ја достигна помеѓу 2015 и 2016 година, но фактот говори дека во оваа земја, политичката култура е многу поинаква од демократска. Овде избори се случуваат постојано, овде на ТВ дуел не сме ги виделе политичарите со години, а Ванхауте има огромна улога како меѓународен арбитрар ситуацијата да добие нoв правец, демократски правец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.