Полицијата во Њу Орлеанс соопшти дека го уапсиле осомничениот за нападите на Денот на мајката, во кои беа повредени 19 луѓе.
Во процесот на апсењето бил искористен тим на специјалната единица во источен Њу Орлеанс, пренесува CNN.
Според градоначалникот на Њу Орлеанс, Мич Ландриу, ова било трет празник годинава на кој биле испукани куршуми.
На снимките од парадата, објавени од страна на полицијата во понеделникот, се гледа човек кој стои на периферијата на преполнетата улица. Во еден момент подоцна, тој ја напаѓа толпата.