Финансиската полиција утрово го привела ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Пеце Мирчевски, објавија повеќе медиуми.
Се вршат претреси во неговиот дом. Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки. Официјално детали, се уште нема.