Пакистанската полиција денеска го уапси поранешниот претседател Первез Мушараф и го приведе во суд еден ден откако судијата ја одби неговата кауција во еден од неколкуте случаи со кои тој се соочува поврзана со неговото време додека владееше, јавува Си-Ен-Ен.
Мушараф брзо го напушти Високиот суд вчера откако беше наредено негово апсење, и се врати во својот дом надвор од пакистанскиот главен град. Локалните медиуми објавија дека тој подоцна беше ставен во домашен притвор.
Но денеска, портпаролот на полицијата Наеем Икбал рече дека полицијата формално го уапсила Мушараф и го привела во судот