Вчера (10 ноември) околу 16 часот и 40 минути, во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.В.(30) од друго тетовско село, кој околу пладне физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.