Според информациите на Канал 5 меѓу осуммината уапсени од Македонска пошта две се жени. Едната е сопруга на поранешен министер, а другата е ќерка на екс функционер од редовите на ДУИ.
Еден од осомничените за несовесно работење е долгогодишен шеф на обезбедувањето во Пошта, двајца поштари и луѓе на директорски позиции.
На седуммина од нив име одреден притвор.
Полицијата трага уште по двајца, кои во моментов не се достапни.
Причина за апсењето е последниот филмски грабеж на поштата во Чаир на 26 Јули, кога двајца крадци украдоа 211 илјади евра и избегаа со веспи.
Според информациите на Канал 5, несовесното работење на осомничените вработени го утврдила и внатрешната ревизија која ја направила самата фирма Македонска пошта.
Повеќе информации за акцијата, МВР најави за утре.