Уапсени се 15 лица од Лојане, Богданци и еден државјанин на Судан кој нелегално престојувал во Македонија, полицијата се сомнева дека групата криумчарела мигранти од арапските во западноевропските држави, соопшти МВР
Уапсен е и еден полициски службеник. Се претпоставува дека криумчарите досега спровеле околу 250 мигранти во западноевропските земји.
Полицаецот е уапсен под сомнение дека ја помагал криминалната група со давање на информации за поставеноста на полициските патроли, времето на патролирање, како и со обезбедување на “чист пат“ при транспортот на мигрантите, за што добивал парични средства од страна на организаторот на групата.