Како што известува АФП, индиската полиција денеска уапси тројца мажи осомничени за групно силување на една Американка.
Да потсетиме, во понеделникот 30-годишната Американка во туристичкото место Mанали, во подножјето на Хималаите, прифатила да ја влезе во камионот во кој имало тројца мажи, бидејќи не успеала да најде такси за да се врати во хотелот.
Возачот на камионот и двајцата други мажи потоа ја одвеле на некое изолирано место и ја силувалe повеќе од еден час, стои во нејзиниот исказ даден пред полиција.