Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсете го Ројтерс

0
By Zoran Ivanov on March 18, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Љубомир Костовски: Во време на социјализмот анегдотата дека еден висок функционер – чие име признавам дека сум го заборавил а засега Интернетот не помага – кој извикал „Уапсете го тој Ројтерс“ служеше како поддршка за било какви исмејување на стариот социјалистичко-бирократски однос кон медиумите. Функционерот кога дознал од радиото дека агенцијата Ројтерс објавила некаква негативна вест за Југославија скокнал од столот и побарал да се уапси агенцијата, мислејќи дека е тоа некој поединец, веројатно и државјанин на федерацијата.Потсетувањето на оваа анегдота врзана за конкретен настан (инаку не би била, нели, анегдота туку шега) стана денес актуелна кога дознав од текст објкавен на „Нели ти реков“ дека двајца новинари на Телевизија 21 и еден новинар на агенцијата „Ројтерс“, државјанин на Република Србија, вечерва се однесени и задржани во полициската станица „Центар“ бидејќи го снимале со дрон протестот на Плоштадот Македонија во Скопје. Протестот се одржа поради трагедијата во Кочани во која по пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица. Новинарите се задржани во полициската станица повеќе од час и половина, се вели во веста и се додава дека од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека неколку новинари се повикани на разговор, бидејќи, немале дозвола за снимање со дрон. Како и да се земе асоцијацијата дека се враќаме во некои давни времиња се наметнува самата. Барем за оние кои го помнат минатото.

 

Љубомир Костовски Ројтерс уапси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.