Денеска утрово беше пронајден мртов Никола Бојовиќ, брат на Лука Бојовиќ, еден од лидерите на Земунскиот клан.
„Мажот имаше прострелни рани во главата, градниот кош, стомакот и подлактницата. Го најдовме во несвест и едвај можеше да диши”, изјави Др. Макура и додаде дека убиениот Бојовиќ бил пренесен на одделот за реанимација.
На местото на убиството се сите надлежни полициски екипи кои се обидуваат да го расветлат случајот.
Во февруари минатата година во голема полициска акција во Шпанија беше уапсен Лука Бојовиќ, кој од Србија избегал во 2010 година, откако беа уапсени Среќко Калиниќ и Милош Симовиќ.