Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убиен е талибанскиот водач Мансур во напад со дрон

0
By Сашка Цветковска on May 22, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Афганистанските тајни служби потврдуваат дека талибанскиот лидер Мулах Актар Мансур вчера е убиен откако САД го таргетираа во напад со беспилотно летало, јавува ББС. Дронот целел на неговото возило долж границата со југоисточен Пакистан. Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека Мансур претставувал „постојана опасност за американскиот персонал кој работи надвор во тие подрачја“.

Кој е Мансур

Мансур го презеде водството над Талибанците во јули 2015 година, заменувајќи го духовниот водач Мулах Мохамед Омар.

Мансур е роден во шеесеттите години на минатиот век и долго време, дури и пред официјалното преземање на лидерството, се сметаше за активен водач на Талибан и многу близок до основачот Мулах Омар. За време на талибанската ера во Афганистан тој беше министер за цивилно воздухопловство. Според Обединетите нации имал и активна улога во светската трговија со дрога.

Веродостојноста на информациите за неговата смрт се уште е под знак прашалник во јавноста. САД и афганистанската влада ја потврдуваат неговата смрт, додека постар талибански комадир за „Ројтерс“ изјавил дека тој не е убиен.

Што значи неговата смрт

Смртта на Мансур се очекува да биде голем удар за Талибан. Тој успеа  за  кратко време да го зајакне своето владеење носејќи други талибански припадници под свое раководство, како синот и братот на неговиот претходник Омар, како и со многубројните високопрофилни напади врз афганистанските безбедносни сили. Под неговот водство, минатата година Талибан успеа да зароби важен град за прв пат во 15 години. Мансур дури успеа и да ја замолчи ривалската талибанска група под водство на Мулах Мухамед Расол која што го предизвикуваше неговиот авторитет како водач  и креирање таканаречена Исламска држава во талибанските области. Вакуумот предизвикан од неговата смрт ќе креира битка околу водството, а со тоа, според Пентагон, ќе се создаде неизбежно ослабнување на талибанските позиции.

 

 

Мансур Талибан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.