Убиен еден од двајцата осомничени за нападот на Бостонскиот маратон. Потрагата по другиот сосмничен продолжува.
Осомничениот починал во болница откако бил ранет во текот на вооружената пресметка, кога во предградието на Бостон одекнувале експлозии и пукотници.
Се започнало кога еден полицаец одговорил на повикот и стигнал на лице место, по што бил застрелан и починал како последица од здобиените рани.
Кога пристигнало засилувањето во кампусот Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) во бостонското предградие Вотертаун завладеала „воена состојба“.
Акцијата на полицијата започнала само неколку часа откако полицијата ги објави фотографиите на двајцата осомничени и по говорот на Обама на комеморацијата на жртвите од нападот, кој ја шокираше Америка и светот.