Познатата пакистанска политичарка Захра Шахид Хусеин е убиена во јжниот дел на пакистанскиот град Карачија. Потпретседателката на Движењето за правда ја убил вооружен мотоциклист пред нејзината куќа. Мотивите за убиството зеса се непознати.
Првиот човек на нејзината партија Имран Кан за атентатот го обвини Алтафа Хусеин од партијата МКМ кој живеево Лондон, но неговата партија остро ги отфрли обвинувањата.
Кан го предупреди дека во неколку јавни настапи отворено се заканувал на членовите на неговата партија, потенцирал дека за одговорна ја смета и британската влада која знаела за заканите. Престедателот Асиф Али Зардари остро го осудил убиството при што нагалсил дека се работи за трагичен инцидент.