Тројца полицајци биле убиени, а двајца други ранети во престрелка во источниот дел на Канада. Полицијата во провинцијата Њу Брунсвик соопшти дека по инцидентот добиле известување за вооружен човек со маскирна униформа.
Претставник на локалните власти во градот Монктон изјави дека полицијата е во потрага по 24 годишниот Жастин Бурк за кој постои сомневање дека го извршил нападот.
Двајцата повредени полицајци од Кралската канадска коњаница беа однесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, соопшти портпаролот на полицијата.
Официјални лица ги предупредија луѓето дека мора да останат внатре каде што се наоѓаат и да ги заклучат вратите.