Мотивот за двојното убиство во Перт, Австралија на најверојатно е дрога. Иако се претпоставуваше дека Ник Стоевски ги застрела сопругата Ванеса Фрачиќ и најдобриот пријател Сашо Филковски поради љубомора, сега испливаа нови информации во австралиските медиуми.
Наводно, убиениот Филковски дента кога е убиен требало да се појави на суд под обвинение за дрога.
За време на распитот пред истражниот судија присутвувале и двајца мажи и една жена кои судницата ја напуштиле бргу откако Стоески бил спроведен во притвор.
Нема информации дали тие биле поврзани со обвинетиот или со убиените.